ПРВО ЈА УДИРАЛ ПО ГЛАВАТА И ПО ГРАДИТЕ, ПА ИЗВАДИЛ ПИШТОЛ Преплашената Алдина трчајќи барала полиција, убиецот немал милост

Обвинителството бара притвор за осомничениот убиец Анс Калајџиќ за бруталното убиство на неговата поранешна девојка Алдина Јахиќ, што го изврши завчера во Мостар.

808

 

Окружниот обвинител на Херцеговско-неретвската жупанија поднесе барање до Окружниот суд во Мостар за притвор на 33-годишниот Анис Калајџиќ, осомничен за бруталното убиство на неговата поранешна девојка Алдина Јахиќ. Тој е обвинет за тешко убиство на жена и за неовластено поседување оружје, објавија босанските медиуми.






Обвинителството детално ги опиша настаните што довеле до убиството, наведувајќи дека Калајџиќ прво ја нападнал, а потоа ја убил несреќната девојка.

„Осомничениот Анис К. се товари дека на 16 ноември 2025 година околу 18 часот на автобуската станица во Мостар, Трг Ивана Крндеља бб, откако претходно нелегално набавил пиштол кој го поседувал без овластување, ја чекал пред фитнес-центарот оштетената А.Ј., која тренирала таму. Ѝ се приближил и ја удрил неколку пати во главата и во градите, од што таа се одбранила држејќи ги рацете пред него, за во еден момент да извади пиштол“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Оштетената, плашејќи се за сопствениот живот, истрчала во насока на хотелот „Т.“.

„Плашејќи се за својата безбедност, преплашено им рекла на минувачите да се јават во полиција, бидејќи еден маж ја следи и ѝ се заканува со пиштол, а потоа влегла во ресторанот „Б“. Се јавила во полиција од нејзиниот мобилен телефон. За тоа време осомничениот дошол и ја пронашол оштетената во тоалетот, додека таа повторно се обидувала да повика помош. Осомничениот ѝ се приближил и ѝ пукал со пиштол во главата, нанесувајќи ѝ смртоносни повреди, од кои оштетената починала на самото место“, се вели во соопштението.

Обвинителството, исто така, потсети дека претходно поднеле обвинение против Калајџиќ за продолжено кривично дело загрозување на безбедноста. Ова обвинение било потврдено во Општинскиот суд во Мостар на 15 мај годинава и било закажано рочиште за признавање на вината.

Поврзани содржини