Првите камиони со вакцини за ЕУ тргнаа од Белгија

Земјите-членки на ЕУ ќе почнат имунизација на населението со вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ од 27 декември.

361

Три камиони-ладилници со вакцини против Ковид-19 за граѓаните на Европска Унија денеска тргнаа од фабриката на американската фармацевстка компанија Фајзер, лоцирана во североисточна Белгија.

Земјите-членки на ЕУ ќе почнат имунизација на населението со вакцината на „Фајзер“ и „БиоНТек“ од 27 декември.






„Фајзер“ не открива во кои држави вакцините прво ќе пристигнат, а камионите се придружувани од полициски автомобили.

Поврзани содржини