ПРВИТЕ ДАМИ НА ФРАНЦИЈА И ГЕРМАНИЈА СЕ СМЕЕЈА НА СПОМЕНИКОТ НА ХОЛОКАУСТОТ Што ги насмеа Брижит и Елке?

Ваквото однесување на првите дами на Франција и Германија не помина без коментар на официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

606

Првите дами на Франција и Германија, Брижит Макрон и Елке Буденбендер се фотографирани како се смеат додека минуваат покрај камените плочи на  споменикот на Холокаустот во Берлин.

Настанот и фотографијата ги објавија германските медиуми кои им забележаа на првите дами. Весникот Билд напиша: „трогателен говор на францускиот претседател и иритирачки гест на неговата сопруга“






„Што ги насмеа двете први дами во оваа ситуација? Нејасно е“, пишува германски Блид.

Билд објави и што напишал Макрон во својот запис во книгата на гости.

-Макроните го пофали „универзалниот хуманизам“ како основа на „неуништливото пријателство“ што ги врзува Франција и Германија. Сојузниот претседателски пар истакна: „Трагателна посета“ и им се заблагодари на вработените што „го одржуваат живо сеќавањето на минатото“, пишува весникот.

Ваквото однесување на првите дами на Франција и Германија не помина без коментар на официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

Таа  напиша на Телеграм

-Сопругите на лидерите на Франција и Германија се насмеаја за време на посетата на споменикот на жртвите на холокаустот во Берлин. Се чини дека за семејството Солча стана традиција – да се смее на зборот „геноцид“. Истото го направи и Олаф Шолц кога беше прашан за истребувањето на жителите на Донбас од страна на режимот во Киев – прокоментира  Захарова на Телеграм.

Фотографијата  ја објавија и руските медиуми.

Поврзани содржини