ПРВИОТ СИНДИКАЛЕЦ ТРЕНДАФИЛОВ ЗЕМА ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ За 4 години прави 100.000 евра, со амин на СДСМ
Почнуваме со демаскирање на Слободан Трендафилов, претседател на ССМ. Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира, тој и луѓето околу него имаат месечни примања двојно и тројно поголеми од една минимална плата, рече пратеникот Бране Петрушевски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска на прес-конференција рече дека работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец.
– Почнуваме со демаскирање на Слободан Трендафилов, претседател на ССМ и неговите соработници, со информации што до нас ги доставија членови на ССМ кои се незадоволни од неговиот апашлук. Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања двојно и тројно поголеми од една минимална плата. Дали синдикалецот на батерии на СДСМ и на Левица, Трендафилов, со 75.000 денари месечно во џеб ги манипулира работниците за минималец – рече пратеникот Петрушевски.
Ова е првиот синдикалец Трендафилов, додаде Петрушевски, кој според овие информации за 4 години прави 100.000 евра, со амин на СДСМ кои го поставија на таа позиција за да ги манипулира работниците.
– И следен пат кога ќе се обиде да ги манипулира работниците треба да знае дека е демаскиран, лично од нив. Во следните денови ќе бидат демаскирани сите негови соработници. Работниците ќе видат кој ги манипулира и лаже за минималец – додаде Петрушевски.