ПРВИОТ ДЕЛ ОД ФЕВРУАРИ ЌЕ БИДЕ ВРНЕЖЛИВ Температурите ќе бидат повисоки од просекот

784

Првата половина од февруари 2026 во Македонија ќе биде многу променлива  и често врнежлива. Постојано ќе бидеме под влијание на циклонски активности (поле со нисок воздушен притисок) со центар над Џеновскиот залив. Во ваква ситуација кај нас во Македонија ќе имаме често врнежливо време со повремено обилни и поројни врнежи од дожд проследени со ретки грмежи како и со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

На планините, пак, над 1400/1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег.






Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани содржини