Првиот човек на Путин открива како ќе изгледа светот по коронавирусот

Според неговите зборови, пандемијата со коронавирусот ќе предизвика криза и добро би било државите во светот да соработуваат едни со други.

2,071

Зголеменото производство на нафта ќе биде сведено на минимум во поглед на цената, а тоа нема да ѝ биде во корист на ниту една земја во светот, рекол портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Пешков.






Цистерните веќе не се користат за транспорт на нафта, туку како складишта.

Дмитриј Пешков Портпарол на Кремљ

– Очекуваме глобална економска криза во блиска иднина – рекол Пешков за Руската национална телевизија.

Според неговите зборови, пандемијата со коронавирусот ќе предизвика криза и добро би било државите во светот да соработуваат едни со други.

– Секако дека сега гледаме оти нашите саудијски партнери применувале невидена ниска цена и невидено зголемување на производството. Тоа доведе до фактот дека наскоро сите светски залихи со нафта ќе бидат преполнети. Цистерните веќе не се користат за транспорт на нафта, туку како складишта. Ова ќе предизвика минимална цена на нафтата и тоа нема да им биде во корист на земјите во светот – рекол Пешков.

Од друга страна, додал тој, Русија е одлучна конструктивно да преговара за нафтата и не гледа друга алтернатива.

– Претседателот Путин и Русија се склони на конструктивни преговарачки процеси кои се клучни за стабилизација на глобалниот енергетски пазар. Глобалната криза предизвикана од коронавирусот ќе прекине еден ден, а во меѓувреме сите земји во светот треба да бидат во меѓусебна координација – заклучил портпаролот.

Поврзани содржини