ПРВИ ЗНАЦИ НА ЗАКРЕПНУВАЊЕ ВО АВИОСООБРАЌАЈОТ 1,3 милиони патници опслужени на скопскиот и на охридскиот аеродром
Најчести дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје се Истанбул (12 отсто), Цирих (7,7 отсто), Базел (7,3 отсто) и Виена (7 отсто), додека од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле тоа се: Цирих (33,2 отсто), Базел (21,7 отсто), Меминген (18,2 отсто), Виена (9,8 отсто) и Дортмунд (9,8 отсто).
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиja 1,3 милиони (1.256.263) патници за 11 месеци од 2021 година, што е зголемување од 71 отсто во однос на истиот период во 2020 година, што укажува на први знаци на закрепнување на патничкиот сообраќај, по негативното влијание на ковид-19 врз воздухопловниот сектор.
Истовремено, во периодот јануари – ноември 2021 година, на двата македонски аеродрома се опслужени 13.679 летови, што е 63 отсто повеќе во споредба со 2020 година.
Моменталниот тренд е во пораст и двата македонски аеродрома бележат зголемување во однос на бројот на патници од 71 отто споредено со 2020 година, нивото на патнички сообраќај сѐ уште е во минус 49 отсто, додека нивото на бројот на летови е минус 32 отсто, споредено со бројките постигнати во истиот период во 2019 година, којашто се смета за референтна година во воздухопловството.
Од ТАВ велат дека закрепнувањето на македонскиот воздухопловен пазар треба да се движи во рамки на прогнозите на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) за движењето на авиосообраќајот на светско ниво, чиешто оптимистичко сценарио проектира дека 2021 година ќе се заврши со – 56 отсто од сообраќајот во 2019 година, додека во 2022 година авиосообраќајот на светско ниво ќе биде на ниво од – 23 отсто од 2019.
Статистиките за авиосообраќај на ТАВ Македонија за 11 месеци покажуваат дека најчести дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје се Истанбул (12 отсто), Цирих (7,7 отсто), Базел (7,3 отсто) и Виена (7 отсто), додека од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле тоа се: Цирих (33,2 отсто), Базел (21,7 отсто), Меминген (18,2 отсто), Виена (9,8 отсто) и Дортмунд (9,8 отсто).
Согласно моменталниот, зимски ред на летање, од скопскиот аеродром 13 авиокомпании летаат до 36 дестинации, додека од охридскиот аеродром 2 авиокомпании летаат до 7 дестинации.