Граѓаните во Дебар ќе се тестираат во три категории, за подоцна скринигот да се спроведе во целата држава, најави министерот за здравство Венко Филипче. на онлајн прес-конференцијата.
– Состојбата во Дебар е стабилна, таму се активни три случаи, нема нови случаи и во консултација со матичните лекари сметаме дека е добра основа за скрининг. Тестирањето на три категории граѓани е стратегија што ќе се направи во наредните месеци – рече Филипче.
Министерот рече дека на сите патронажни сестри кои биле вработени со договор на дело и кои се заинтересирани да работат, ќе им бидат продолжени договорите.
– Средства финансиски од страна на ФЗОМ се обезбедени. Ќе бидат вработени дополнителна бројка на патронажни сестри таму каде што ќе покажат интерес за сите нив, согласно на големата потреба на здравствени работници во сите ЈЗО – рече минстерот.