📽️ ПРВИ ВИДЕА ОД НАПАДОТ НА РУСКОТО ПРИСТАНИШТЕ Украинците потопија траект во Керченскиот Теснец, Русите обвинуваат за тероризам

Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев соопшти дека од потонатиот траект се спасени 17 морнари, а се трага по уште двајца, пренесува РИА.

2,751

Киевскиот режим повторно се обиде да изврши терористички напад на територијата на Краснодарската област, нападна траект со резервоари за гориво во пристаништето Кавказ. Итната помош и специјалните служби се на терен – соопшти Оперативниот штаб на Краснодарската област.

Гувернерот на Краснодарската област Венјамин Кондратиев соопшти дека од потонатиот траект се спасени 17 морнари, а се трага по уште двајца, пренесува РИА.






На социјалните мрежи се шират снимки од нападот на пристаништето.

 

Руското Министерство за транспорт забележува дека ситуацијата е под контрола на итните служби, а вработените во пристаништето се евакуирани.

 

 

Како што изјави шефот на регионот Фјодор Бабенков, на траектот имало и 30 цистерни со гориво.

Пристаништето Кавказ се наоѓа во Керченскиот теснец, стратешки многу важна точка за Русија.

 

Поврзани содржини