ПРВИ ПРОБЛЕМИ ЗА РОНАЛДО ВО МАНЧЕСТЕР Овци не му давале да заспие, морал да се пресели во нова куќа
Како што објави „Сан“, овци од соседната фарма со своето блеење не му давале на Роналдо да заспие, а и луѓето од неговото лично обезбедување имале неколку замерки за локацијата.
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, морал да го промени својот дом во Манчестер, оти овците на соседот со своето блеење му го реметеле сонот, пишуваат англиските медиуми.
Како што објави „Сан“, овци од соседната фарма со своето блеење не му давале на Роналдо да заспие, а и луѓето од неговото лично обезбедување имале неколку замерки за локацијата.
Според обезбедувањето, домот на Роналдо бил многу пристапен и лесно можело од надвор да се види што се случува внатре, па така паднала и одлуката Португалецот и неговото семејство да се преселат во нов дом.