ПРВИ ОСТАВКИ ПО ОБЈАВЕНИТЕ РАЗГОВОРИ СО ЕПШТАЈН Мирослав Лајчак се повлече од советничкото место во словачката влада
Вчера во САД беа објавени нови документи за Џефри Епштајн, вклучувајќи ги и комуникациите на Мирослав Лајчак со осудениот сексуален престапник.
Поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, соопшти дека по објавувањето на неговите комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, ја напушта својата позиција како советник на словачкиот премиер Роберт Фицо.
Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека ќе ја прифати оставката на Лајчак, но за критичарите на Лајчак рече дека долго време не видел „толку лицемерие“, објавува порталот „Дневник Н“.
-Миро повторно се покажа како одличен дипломат и ја прифаќам неговата понуда за прекин на соработката, иако сите ние, не само јас, губиме неверојатен извор на искуство во дипломатијата и надворешната политика. Чудно е што слична симбиоза на медиумите, опозицијата и владините партии не го таргетираше лидерот на опозицијата Шимечек, кој претставува значително поголем ризик за угледот на нашата земја преку измами со грантови на ниво на Словачка и ЕУ отколку советникот на премиерот, Мирослав Лајчак – се вели во соопштението на Фицо.
Во една од конверзациите, Епстин му нуди жени на Лајчак, додавајќи дека може „да ги земе и нивните сестри“, а подоцна иронично забележува дека веројатно се премлади, бидејќи имаат под 30 години. На тоа, Лајчак одговара: „Не биди злобен. Не знаеш каков сум во акција“.
Во други пораки, двајцата, во опуштен и шеговит тон, коментирале на „девојки“ во Киев или Москва.
На една фотографија од Москва, Епстин одговорил дека би сакал „поглед однатре“ и ги опишал девојките како „најдобриот руски извоз“, на што Лајчак додал: „веднаш по нафтата“.
Вчера во САД беа објавени нови документи за Џефри Епштајн, вклучувајќи ги и комуникациите на Мирослав Лајчак со осудениот сексуален престапник.
Притоа беше објавена најголемата серија судски документи за Епштајн, која вклучува три милиони страници, 180.000 фотографии и 2.000 видеа.
Епштајн, милионер познат по дружењето со бројни познати личности, почина во затвор во 2019 година додека чекаше федерални обвиненија за трговија со луѓе.