📷 ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ВЉУБЕНИОТ ПАР Том Круз не ја испушта од раце 26 години помладата Ана де Армас

Двојката е видена како се држи за раце за време на одмор во Вудсток, Вермонт, според фотографиите што ги доби американскиот портал ТМЗ.

4,824

Се чини дека Том Круз и Ана де Армас повеќе не ја кријат својата врска, а вчера беа фотографирани како се држат за раце додека шетаат.

Двојката е видена како се држи за раце за време на одмор во Вудсток, Вермонт, според фотографиите што ги доби американскиот портал ТМЗ.






Круз било лежерно облечен во фармерки и сина маица и капа на главата, додека де Армас носела слична комбинација од црни фармерки и бела маица. Косата на Ана и била крената во коњско опавче.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Двојката со авион пристигнала во градот откако присуствувале на концертот на „Оејзис“ на стадионот Вембли во Лондон во петокот, на 25 јули.

Еден месец претходно, Круз и де Армас беа фотографирани како се релаксираат на луксузна јахта во Шпанија. Актерската двојка за првпат беше видена заедно во февруари.

Во текот на годината, Круз и де Армас се појавија заедно во јавноста неколкупати, од излегување во Лондон до заедничката работа на филмот „Подлабоко“ (Deeper).

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise Fanpage (@_cruise_62)


Според странските медиуми, двојката веќе направила сериозен чекор, вселувајќи се во заедничка куќа во Вермонт.

Извори блиски до актерката открија дека таа неодамна го напуштила својот стан во Њујорк и решила да го напушти градот во потрага по помирен живот, а сè се совпаѓа со продажбата на нејзиниот луксузен стан во Њујорк за дури 3,5 милиони долари.

Поврзани содржини