ПРВИ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО 2030 ГОДИНА Премиерот вели дека предничиме на патот на Западен Балкан кон ЕУ
„Европа со повеќе брзини" се однесува и на земјите од Западен Балкан, во повеќе брзини значи оние кои што први ќе се подготват, ќе ги направат потребните реформи, ќе направат комплетно усогласување за законодавството, комплетно усогласување на спроведување на законодавството во институциите тие први ќе се приклучат на ЕУ. Тоа и се потврди, со нас, подвлекува премиерот.
Самиот процес на членство за секоја земја ќе биде различен, во зависност од спроведените реформи и усогласувањето со европското законодавство, рече во интервју за „Вести Плус” на Канал 5 телевизија, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Тој смета дека ако ги донесеме уставните измени ќе бидеме прва земја од Западниот Балкан да влезе во ЕУ.
– Јас ја предводам европската коалиција која што вели дека до 2030 година Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан која што ќе стане земја членка на Европската унија. Што се однесува до изјавата на претседателот Макрон, таа не се разликува од оваа изјава ниту пак од неговата претходна изјава кај што вели дека во Европската унија се пристапува според реформите кои што се направени – истакна Ковачевски.
Премиерот истакна дека Северна Македонија е првата земја од регионот на Западен Балкан која предничи во подготвеноста и може пред сите, да стане членка на Унијата.
– „Европа со повеќе брзини” се однесува и на земјите од Западен Балкан, во повеќе брзини значи оние кои што први ќе се подготват, ќе ги направат потребните реформи, ќе направат комплетно усогласување за законодавството, комплетно усогласување на спроведување на законодавството во институциите тие први ќе се приклучат на ЕУ. Тоа и се потврди, со нас – подвлекува премиерот.
Премиерот го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ја вратило државата назад со 11 години изолација, односно дека поради тоа чекаме 17 години како земја-кандидат.
– Сега доколку не ги донесеме потребните одлуки тоа ќе значи дека и Црна Гора и Србија и Албанија ќе отидат пред нас и ние ќе останеме во друштво на Босна и Херцеговина и Косово. Дали ние сакаме да останеме во тоа друштво тоа се држави кои имаат сè уште елементарни проблеми во своето функционирање. Јас не се согласувам нашата држава и нашите граѓани, група да бидеме во групата со Косово, и со Босна и Херцеговина во евроинтеграциите, бидејќи во моментов ние сме пред сите држави во регионот. И јас сум убеден дека ако ги донесеме одлуките во Собранието дека во 2030та година Северна Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан која ќе стане членка на ЕУ – заклучува Ковачевски.
Според него ВМРО-ДПМНЕ „наликува на папагал кој повторува само еден збор“, изборите.
Ковачевски иронично рече и дека единствен европјанец кој ги брани идеите на ВМРО-ДПМНЕ е Никола Груевски од Унгарија.