ПРВИ ДРУГАРИ! Поранешните партнери на Северина заедно слават роденден (ФОТО)
Игор Којиќ на Инстаграм објави фотографија на која тој и Милан Поповиќ позираат гушнати на брод.
Игор Којиќ, поранешниот сопруг на Северина Вучковиќ, на својот Инстаграм се пофали дека се дружел со Милан Поповиќ за својот роденден, а откри и дека поранешниот партнер на Северина на роденден го донел неговиот и синот на Северина, Александар.
Којиќ на Инстаграм објави фотографија на која тој и Поповиќ позираат гушнати на брод.
„Му благодарам на Милан што приреди изненадување и го донесе Александар на мојот роденден, тој ден беше посебен за мене. Александар е прекрасно дете кое многу го сакам и со кое поминав убави години, некои врски се едноставно нераскинливи. Сите кои се семејство на Александар е и мое и сите што се мое семејство се и на Александар. Така е сега, така ќе биде засекогаш. На здравје!“ напиша Којиќ во описот на објавата.
View this post on Instagram
Инаку, се појавија шпекулации дека Поповиќ на Којиќ му купил автомобил „Ауди А8“, кој вреди околу половина милион евра. Меѓутоа, Поповиќ за „Индекс.хр“ ги демантирал тие наводи.
„Вашата информација не е точна, но не сум изненаден со оглед на тоа што очигледно доаѓа од лажливиот тим на Северина. Игор од мене доби икона за роденден. Поздрав“, рекол Милан Поповиќ за „Индекс“.
Северина очигледно се плаши дека сега ќе излезат на виделина сите нејзини лаги, манипулации, влијанија врз институциите и други незаконски дејствија и затоа се обидува да го дискредитира својот поранешен сопруг“, додал Поповиќ.
ФОТО: Инстаграм