Првата жена ќе стапне на Месечината до 2024 година
НАСА го објави планот за враќање на луѓето на Месечината поради научни испитувања.
НАСА објави планира да ги врати луѓето на површината на Месечината за прв пат од 1972 година. Според планот кој вреди 28 милијарди долари, НАСА ќе ја испрати првата жена на Месечината до 2024-та година.
– Се враќаме на месечината заради научни откритија, економска корист и инспирација за новата генерација на истражувачи – изјави администраторот на НАСА, Џим Бриденстин.
Мисијата на НАСА за Месечината е дел од планот Артемис. Астронаутите ќе бидат испратени со новата ракета на НАСА, Системот за вселенски лансирања како и со леталото Орион.
– Доколку Конкресот ги одобри првичните 3,2 милијарди долари до Божик ќе бидеме на време за слетување до 2024 – рече Бриденстин.