ПРВАТА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА СО ВАКВА МЕРКА Вакцинацијата стана задолжителна во Австрија
Сеопфатните мерки во Австрија ќе резултираат со казни од 600 евра за лицата без потврда за вакцина или оние кои се ослободени.
Австрија денес стана првата земја во Европа која воведе задолжителна вакцинација за возрасни граѓани, откако претседателот Александар Ван дер Белен го потпиша законот.
Сеопфатните мерки во Австрија ќе резултираат со казни од 600 евра за лицата без потврда за вакцина или оние кои се ослободени.
Проверката дали се почитува задолжителната вакцинација почнува на 15 март.
Австрија кон крајот на минатата година најави воведување задолжителна вакцинација, а законот беше донесен во јануари.
Но, оваа одлука сега стапи на сила, со оглед на тоа што претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен дури денес го потпиша законот.