Првата доза од вакцината во Велика Британија досега ја примиле 3,6 милиони лица

Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица.

204

Според владини податоци, со првата доза од вакцината против ковид-19 досега во Велика Британија се вакцинирани 3,6 милиони лица.

Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица.






Втората доза, пак, до денеска ја имаат примено  447.261 лица.

Повеќето луѓе биле вакцинирани во Англија, околу три милиони, во Северна Ирска речиси  118.000, во Шкотска околу 224.840 и во Велс 126.375

Поврзани содржини