ПРВАТА ДАМА НА СИРИЈА Е ТЕШКО БОЛНА Претседателот Башар ал Асад ја објави лошата вест

Сопругата на сирискиот претседател, 48- годишната Асма ал Асад соопшти дека има леукемија, ќе биде подложена на посебен третман за кој ќе биде потребна изолација и затоа ќе се повлече од јавните ангажмани.

580

Асма ал Асад (48), сопругата на сирискиот претседател Башар ал Асад, има леукемија, објави во вторникот претседателството. Првата дама на Сирија ќе подлежи на посебен протокол за третман кој ќе бара да биде изолирана и затоа ќе се повлече од јавните ангажмани.

Оваа објава дојде речиси пет години откако таа објави дека целосно закрепнала од рак на дојка, пренесува Ројтерс.






Во август 2019 година, Асма рече дека целосно се опоравила од ракот на дојката што и беше дијагностициран порано.

Откако Сирија влезе во војната во 2011 година, Асма која е поранешна инвестициска банкарка со британско потекло презеде јавна улога во одржување на добротворни настани и средби со семејствата на загинатите војници.

Таа е на чело на Сирискиот фонд за развој, голема невладина организација која делува како чадор организација за многу операции за помош и развој во Сирија.

Поврзани содржини