🎥 ПРВАТА ДАМА НА ФРАНЦИЈА ЗАВРШИЛА НА ИТНА ОПЕРАЦИЈА Брижит Макрон ја поддржа својата ќерка на нејзината изложба преку јавување на Фејстајм
Иако се очекуваше Брижит Макрон да блесне на престижната модна ревија во Париз, француската прва дама се повлече во последен момент, но сепак ја изненади публиката со неочекувано виртуелно појавување.
На модната ревија на брендот Interdee, одржана во хотелот Marois во Париз, модата и уметноста се споија во елегантна вечер на која присуствуваа бројни познати имиња. Ревијата беше придружена со уметничка изложба, каде што Лоренс Озиер, ќерка на француската прва дама Брижит Макрон, ги претстави своите дела.
Се очекуваше Брижит Макрон да присуствува на настанот со своите две ќерки, Лоренс и Тифан Озиер, но на самиот почеток на вечерта стана јасно дека тоа нема да се случи.
Лоренс ѝ се обрати на публиката за да го објасни отсуството на нејзината мајка.
– Не ѝ е дозволено да се движи. Овој викенд имаше итна операција на мрежницата. Не може да патува – изјавила постарата ќерка на првата дама, пренесува Paris Match.
Брижит накратко се појави преку видео повик на телефонот на нејзината ќерка. Носејќи очила за сонце, таа се јави од Елисејската палата и им се обрати на присутните.
View this post on Instagram
– Објасни им – ѝ вели таа на Лоренс, пред самата да раскаже кратка приказна за историјата на местото на одржување и да ја замоли ќерка си да ја преведе причината за нејзиното отсуство на англиски јазик.
И покрај здравствените проблеми, првата дама барем виртуелно ја поддржуваше ќерка си на важната вечер, а нејзиното кратко појавување предизвика аплауз и воодушевување од публиката.