Првата „corona free“ земја во Европа е Црна Гора

Нема потврдени нови случаи на инфекција во Црна Гора веќе 20 дена по ред.

884

Црна Гора денес, 68 дена по првиот забележан случај на коронавирус, нема веќе заразени со ковид-19, што ја прави првата „corona free“ земја во Европа, според податоците на црногорскиот Институт за јавно здравје. Нема потврдени нови случаи на инфекција во Црна Гора веќе 20 дена по ред.

– Од вчерашниот пресек на состојбата, анализирани се 140 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција. Исто така, во Црна Гора во моментот нема активни случаи на инфекција со новиот коронавирус – објавено е од црногорскиот институт, бидејќи вториот тест на последниот пациент е негативен.






Црногорските здравствени власти порано соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога нема да има вкупно 28 дена заразени.

– Во пракса и меѓу струката, вообичаено е епидемија на една заразна болест да се одјавува кога, во двата просечни периоди на инкубација, нема нови регистрирани случаи на заразени на една територија. Во овој случај, тоа значи дека станува збор за ситуација кога никој не бил заразен со вирус во Црна Гора 28 дена “, објави црногорскиот институт за јавно здравје.

Црна Гора е последната европска земја кај која се дијагностицираше коронавирус на 17-ти март. Оттогаш, 324 луѓе се разболеле, 315 се опоравиле, а девет пациенти починале.

За 70 дена изолација, поради кршење на мерките за заштита од зараза, се гонети 1.768 жители на Црна Гора, кои за добротворни цели морале да уплатат вкупно 106.000 евра.

Поврзани содржини