Прваче стана хит откако за малку ќе ја избркаше новинарката: Треба маска, не сакам да се заразам ВИДЕО

4,848

Во сараевскиот кантон во БиХ почна наставата во новата учебна година, а новинарката на телевизијата Н1 разговарала со едно прваче кое и објаснило како треба да се однесува во пандемија.

Детето кое носело маска ја предупреди новинарката дека таа маската не ја носи исправно. На новинарката маската и била под носот, а покриена и била само устата. Првачето и рекло дека тоа не е добро.






– Има корона, треба маска, не сакам да се заразам. И плус, стави ја маската на нос – и рекло првачето.

Новинарката се извинила за неправилното носење на маската и му рекла дека тој има право и го прашала дали знае што значи дека во училиштето сите треба да бидат на дистанца.

– Да, да. Можам малку да се пттргнам заради короната – одговорило првачето и брзо се оддалечило од новинарката.

Поврзани содржини