На 50-годишна возраст почина Весна Најдоска, професионален возач во ЈСП, објави Фокус.
Нејзиниот син Мартин на Фејсбук напиша дека таа починала од ковид-19 на 30 јануари, два дена по јубилејниот 50-ти роденден.
Пораките кои ги оставаат блиските сведочат за неа како прекрасна жена, но и неверојатен возач, која големиот дел од животот го минала зад воланот на автобусот.