ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА РОЖНИЦА ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО Операцијата ја извршиле доктори од Америка

Операциите ги извршија доктори од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот.

55

Извршена е прва трансплантација на рожница во нашата држава во јавното здравство, соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку неговиот профил на Фејсбук.

„Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашата држава, за здравството и пред сѐ за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман. Со ова Македонија се вбројува меѓу ретките држави во регионот кои извршуваат ваква сложена операција“, напиша Мицкоски.






Изведени се 9 операции. Операциите ги извршија доктори од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот. Докторите Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг, заедно со тим македонски офталмолози. Националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска и доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, директорка на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје го координираа овој процес.

 

Фото: Влада
Поврзани содржини