🎥 ПРВА СОРАБОТКА НА ЧОЛА И ТОНЧИ ХУЉИЌ Големиот заводник и сплитскиот хитмејкер го имаат првиот заеднички хит
Здравко Чолиќ ја претстави својата нова песна „Тамо“, во која за првпат во нивните кариери се спојуваат двајца вистински великани – Чолиќ како мајстор на интерпретацијата и Тончи Хуљиќ како еден од најголемите хитмејкери на овие простори.
Иако се пријатели со години, соработката на двајцата вистински великани на овие простори – Здравко Чолиќ како мајстор на интерпретацијата и Тончи Хуљиќ како еден од најголемите хитмејкери, се случи дури сега, и тоа со песна која, при прво слушање, зрачи со свежина, но и со неизбежно чувство на носталгија.
Текстот е од Вјекослава Хуљиќ, која успеа поетски да го долови она што е заштитен знак на Чолиќ, аранжманот е дело на Хрвоје Домазет и Тончи Хуљиќ, кои ѝ дадоа на песната современ, медитерански пулс и филмска широчина, додека миксот го направи Томислав Мрдуљаш.
Новата песна е уште еден доказ дека вистинската музичка емоција не може да се научи ниту да се имитира. Таа, како и Чолиќ, едноставно – живее. А Здравко Чолиќ и Тончи Хуљиќ, двајца уметници со различни сензибилитети, но со ист музички јазик, покажаа дека уметноста не познава граници ниту време.
Снимањето на видеото за песната „Тамо“ е направено во Сплит.