ПРВА ПЛАЖА ЗА ЖЕНИ СО ХИЏАБ Ново место за дружење во Улцињ
На сите останати ќе им биде забранет пристапот на новата плажа во Црна Гора.
Во Улцињ, Црна Гора, се отвора првата плажа која е само за жени кои носат хиџаб. Тоа ќе биде помало место од затворен вид, со капацитет од 10 до 20 лежалки.
На сите останати ќе им биде забранет пристапот на новата плажа.
Познато е дека муслиманите се мнозинство во Улцињ. Според пописот од 2011 година, околу 73% од вкупното население се изјасниле како муслимани.