ПРВА ОПЕРАЦИЈА СО РОБОТСКА ПОМОШ Болницата „Свети Еразмо“ во Охрид поседува најнова роботска опрема (ФОТО)

Како што објави на својот Фејсбук профил неврохирургот д-р Митре Милошевски, со извршениот зафат установата држи чекор со најголемите вертебролошки центри.

1,031

Во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо“ во Охрид е извршена првата операција на ‘рбет, со употреба на најновата генерација роботски микроскоп.

Како што објави на својот Фејсбук профил неврохирургот д-р Митре Милошевски, со извршениот зафат установата држи чекор со најголемите вертебролошки центри.






„Со над 120 вертебролошки и операции на нерви и на отворен мозок ‘Св. Еразмо’ е рамо до рамо со клинички центар и заслужува да има ваква најсовремена апаратура која дава огромна сигурност на операциите и значајно го скратува нивното времетраење. Пациентите, медицинскиот тим и хирурзите го заслужуваат тоа“, напиша Милошевски на својот Фејсбук профил.

Тој истовремено изразува надеж дека после оваа операција и соодветен тренинг болницата ќе биде опремена со таква модерна апаратура со што ќе се смести во редот на најсовремените центри за вертебрологија во Европа.

Поврзани содржини