📷 ПРВА ОБЈАВА НА СОПРУГАТА НА СЕРГЕЈ ТРИФУНОВИЌ ПО ИНЦИДЕНТОТ Исидора пред неколку часа била видена како влегува во станот
Исидора Мијановиќ, сопругата на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, на својот инстаграм-профил за првпат сподели фотографија откако нејзиниот сопруг ја пријави во полиција.
Исидора Мијановиќ, сопругата на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, на својот инстаграм-профил за првпат сподели фотографија откако нејзиниот сопруг ја пријави во полиција.
Исидора на својата инстаграм-приказна објави фотографија од ризото од ресторан.
— Arsil (@arsagarson) October 24, 2024
Исидора е многу активна на социјалните мрежи, а вчера објави серија фотографии на Инстаграм.
Инаку, Исидора пред неколку часа била видена како влегува во станот во кој живее со сопругот Сергеј.
Преходно Трифуновиќ за првпат го напуштил станот откако ја пријавил сопругата Исидора Мијановиќ во полиција.
Актерот во еден момент излетал од гаражата и брзо поминал со автомобил, земајќи го со себе и своето куче Миле.
Недолго потоа, Исидора била видена како влегува во зградата. Била лежерно облечена, носела капа и темни очила, очигледно обидувајќи се да се сокрие од љубопитните очи.
Да потсетиме, српскиот актер и неговата сопруга се скарале во станот, а Трифуновиќ наводно ѝ рекол дека сака развод и тогаш работите ескалирале. Трифуновиќ ја пријавил сопругата во полиција за насилство, по што обвинителот на Второто основно јавно обвинителство изјавил дека нема елементи за кривично дело од областа на семејното насилство.