ПРВА КЛАСА ПИПЕРКА ЌЕ СЕ ОТКУПУВА ЗА 45 ДЕНАРИ ОД КИЛОГРАМ Откупните цени за пиперката се зголемени

132

Договорени се откупните цени по класи за пиперката за 2025 година, денеска на работен состанок меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и претсавници на производители, откупувачи и преработувачи.

– За прва класа откупната цена на пиперката изнесува 45 денари, за прва-втора класа е 35 денари, за втора класа откупната цена изнесува 20 денари, а за трета класа откупната цена ќе биде 15 денари – рече министерот.






Тој посочи дека тоа се почетните цени со кои што ќе започне откупот на пиперката за реколтата 2025 година.

– Пиперката во Македонија се одгледува во два региона, струмичкиот и прилепскиот. Бербата треба да биде во договорен период за да не се соочиме со зголемена количина на берба на пиперка во текот на денот и да имаме застој во откупот – додаде министерот Трипуновски.

Тој истакна дека оваа година откупните цени за пиперката се зголемени во однос на минатата година.

– Текот на откупот ќе го следиме преку Државниот инспекторат за земјоделство. Како Министерство стоиме на располагање, а трендот на зголемување на земјоделското производство треба да продолжи и понатаму – посочи тој.

 

Поврзани содржини