ПРВА ИЗЈАВА НА ПОЛИЦИЈАТА ВО СЛУЧАЈОТ СО БОЛДВИН Куршумот од рамото на ранетиот режисер ќе биде главен доказ во истрагата (ВИДЕО)

Мендоза и окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвис одржаа прес-конференција шест дена откако Болдвин случајно ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс.

535

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, во средата изјави дека властите пронашле оловно зрно испукано од оружјето што го користел актерот Алек Болдвин на минатонеделното снимање на филмот во кој загина снимателката.

Мендоза и окружниот обвинител Мери Кармак-Алтвис одржаа прес-конференција шест дена откако Болдвин случајно ја застрела и ја уби снимателката Халина Хачинс за време на вежбањто за снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико.






Несреќата се случила додека Болдвин вежбал сцена која вклучува вперување пиштол кон камерата. Актерот верувал дека во него нема вистинска муниција.

Засега против никого од сетот не е покренато обвинение. Мендоза рекол дека е премногу рано да се зборува за тоа, но додал дека постои можност. На сетот биле пронајдени повеќе куршуми, рекол тој.

Мендоза, исто така, објавил дека неговата канцеларија собрала приближно 600 докази од сетот, вклучувајќи го и она за што тој верува дека бил револверот „Колт“ од кој пукал Болдвин. Запленети се и околу 500 парчиња муниција. Сите предмети се доставени до криминалистичката лабораторија на ФБИ во Квантико.

Властите во петокот соопштија дека помошникот директор Дејв Холс рекол дека оружјето било „ладно“, односно дека во него немало вистинска муниција. Хачинс беше погодена во градите, а режисерот Џоел Соуза, кој стоеше зад неа, во рамото.

Куршумот изваден од рамото на ранетиот режисер ќе биде главен доказ во истрагата – рекол Мендоза на прес-конференцијата и дека се чини дека „куршумот изваден од рамото на Соуза е истиот оној што ја уби Хачинс, но дека медицинскиот иследник сепак тоа мора да го потврди“.

Снимателката била префрлена во болница каде била констатирана смрт, а Соуза по лекувањето бил пуштена од болница.

Поврзани содржини