ПРВА ГОЛЕМА ТУЖБА ЗА НЕЗАКОНСКИТЕ ЦАРИНИ НА ТРАМП „Федекс“ бара да ѝ се вратат парите што ги потрошила за царини

Според проценките на Универзитетот во Пенсилванија, потенцијалните отплати би можеле да достигнат вкупно околу 175 милијарди долари, што е приближно 2,5% од федералниот буџет.

274

Фирмата за логистика „Федекс“ ја тужи американската влада за да ги врати парите што ги платила според законот за вонредни овластувања, за кој Врховниот суд на пред 3 дена пресуди дека е нелегално искористен за воведување тарифи.

Во тужбата поднесена вчера во американскиот Суд за меѓународна трговија во Њујорк, „Федекс“ бара „целосно враќање“ на сите давачки собрани според Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година (IEEPA) според кој Трамп ги воведе царините без одобрение на Конгресот.






Тужбата е насочена кон Царинската и граничната заштита на САД, која е дел од Министерството за внатрешна безбедност.

Врховниот суд на САД пред три дена пресуди дека Законот за меѓународни вонредни економски овластувања од 1977 година не го овластува претседателот еднострано да воведува тарифи.

Судиите не одлучија дали владата мора да ги обештети увозниците, оставајќи го тоа прашање на пониските судови.

Неколку американски медиуми ја опишаа тужбата на „Федекс“ како прва голема корпоративна тужба од американска компанија по пресудата. Логистичката компанија тврди дека претрпела штета со плаќање царински давачки кои сега се прогласени за нелегални.

По судската одлука, набљудувачите очекуваат бран барања за враќање на средствата.

Според проценките на Универзитетот во Пенсилванија, потенцијалните отплати би можеле да достигнат вкупно околу 175 милијарди долари, што е приближно 2,5% од федералниот буџет.

Поврзани содржини