Дури и кога е зад решетки, осудениот предатор Бил Козби (83) не престанува да ја изненадува јавноста. Се појави нова затворска фотографија на која Бил се смее.
Пропаднатиот актер позираше за нова снимка зад решетките, насмеан, и носел заштитна маска околу вратот. Оваа рутинска фотографија е направена на почетокот на септември во затворот СЦИ Феникс во Пенсилванија, каде што е затворен Бил.
Ова е прва фотографија на Бил од затворот откако беше осуден во 2018 година од три до десет години затвор. Изгледот на Бил значително се сменил додека ја издржува затворската казна. На најновата фотографија тој изгледа позапуштено, но и повесело во споредба со фотографијата пред да влезе во затвор.
Во април 2018 година, тој беше прогласен за виновен по сите обвиненија за злоупотреба на Андреа Констанд, жена која работела како службеничка во женскиот кошаркарски тим на Универзитетот Темпл во чиј кампус се запознале преку заеднички пријател. Во тоа време Андреа имала 24 години, а Бил 60. Но, актерот тврди дека не е виновен.
Се чини дека не му е толку лошо во затворот како што се претпоставуваше дека ќе биде. Тој ја нарекува својата ќелија пентхаус и се чувствува привилегиран во затвор.
– Нема од мене да слушнете каење. Јас бев таму. Не ми е гајле што мислат за сè група луѓе кои не беа таму. Тие не знаат што се случи – рече комичарот во една прилика.
A newly released prison mug shot shows Bill Cosby smiling with a disposable mask hanging off his face.#BillCosby #mugshotshttps://t.co/spbX8hsz6m
— KSEE24 News (@KSEE24) October 21, 2020
ФОТО: Твитер