ПРВА ДОЗА „АСТРАЗЕНЕКА“, ВТОРА ДОЗА „СПУТНИК ЛАЈТ“ Експертите тврдат дека комбинацијата дава висока ефикасност
Учесниците во истражувањето прво примиле вакцина на „АстраЗенека“, а 29 дена подоцна доза од „Спутник лајт“, соопшти РДИФ.
Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на „АстраЗенека“ и доза „Спутник лајт“ против ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето тестирани лица, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).
Податоците се собрани од 20 луѓе кои учествувале во студијата од 100 лица во Азербејџан, која почнала во февруари оваа година.
Учесниците во истражувањето прво примиле вакцина на „АстраЗенека“, а 29 дена подоцна доза од „Спутник лајт“, соопшти РДИФ.
„Според резултатите од привремената анализа, четирикратно зголемување на неутрализирачките антитела на протеинот САРС-КоВ беше откриено кај 85 проценти од доброволците на 57-от ден од студијата“, се наведува во соопштението.