Прв тренинг на македонските кошаркарки пред завршните натпревари во евроквалификациите

На подготовките во салата „Билјанини извори“ во Охрид селекторот Владимир Ѓоровиќ повика 15 кошаркарки.

263

Македонската женска кошаркарска репрезентација вечерва ги започна еднонеделните подготовки за завршниот февруарски циклус во квалификациите за Европското првенство.

На подготовките во салата „Билјанини извори“ во Охрид селекторот Владимир Ѓоровиќ повика 15 кошаркарки.






Македонските кошаркарки двата последните натпревара во евро квалификациите ќе ги одиграат во Рига, против домаќинот Летонија на 4 февруари и Хрватска, два дена подоцна.

Поврзани содржини