Прв смртен случај од коронавирусот, почина 57-годишна жена од Куманово

1,458

Жена на 57 години од Куманово почина синоќа како последица од коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Колегите постапиле солгласно протоколите. Направени се два теста и двата теста покажале негативен резултат, но бидејќи болеста била типична за корона вирус таа била третирана во изолација. Брис е повторно земен по констатацијата на смртта и тој бил позитивен. Брисот е земен поради наглото влошување на состојбата што е нетипично за друга болест – рече Филипче.






Со неа бил хоспитализиран и нејзиниот син. Тој има 33 години и кај него настанало влошување на состојбата. Префрлен е на Клиниката за инфективни болести и сега е стабилен.

 

Поврзани содржини