ПРВ СЛУЧАЈ НА ФЛУРОН ВО ЗЕМЈАВА Момче на 26 години се вратило од САД во Зајас

Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.

1,146

Министерството за здравство информира дека е регистриран прв случај на болен истовремено инфициран од грип и коронавирус познат како флурон.

Случајот е регистриран од страна на ПЗУ Синлаб кај пациент на 26 години од општина Зајас кој се вратил од САД. За случајот е  информиран и Институтот за јавно здравје.






Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за ковид-19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ.

Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика.

Поврзани содржини