ПРВ ПАТ МИ Е ДА ИГРАМ ВИДЕОИГРИ Каевски се правда дека го оттргнал вниманието поради празните реченици на Силјановска

Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом, изјави Каевски за Фактор.

296

Откако вчера на социјалните мрежи се појави видео од пратеникот од редовите на СДСМ, Дарко Каевски, кој играше видеоигри, додека на говорницата говореше професорката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој за Фактор изјави дека ова прв пат му се случува.

– Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсуствувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието. Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом – изјави Каевски за Фактор.






„СРАМОТА, ЗА ТОА ЛИ ВЕ ПЛАЌАМЕ?“ Пратеникот Каевски си играше игрици за време на Собраниска комисија (ВИДЕО)

Поврзани содржини