ПРВ ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАНОК ИСОС – IFAC Клучен чекор во процесот на меѓународно интегрирање

Континуирана обврска на членовите на IFAC е да ги усвојат, имплементираат и почитуваат меѓународните сметководствени стандарди, образовните стандарди кои се однесуваат на почетната обука, но и на континуираната професионална едукација на сметководителите, како и меѓународниот кодекс на етика.

76

Официјални претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC – International Federation of Accountants) и членови на раководниот тим на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го одржаа првиот работен состанок посветен на дефинирање на чекорите и активностите кои треба да се исполнат во процесот на зачленување во оваа реномирана меѓународна професионална организација.

Нагласувајќи го значењето на зачленувањето на ИСОС во Меѓународната федерација на сметководители, претседателката на советодавната група за поддршка на организациите на професионални сметководители во IFAC, Јелена Мисита изјави:






– Приклучувањето кон IFAC ќе испрати јасен сигнал до сите организации од јавниот и приватниот сектор на локално, регионално и меѓународно ниво дека ИСОС има капацитет, кредибилитет и релевантност, како и фокус кон заштитата на јавниот интерес.

Континуирана обврска на членовите на IFAC е да ги усвојат, имплементираат и почитуваат меѓународните сметководствени стандарди, образовните стандарди кои се однесуваат на почетната обука, но и на континуираната професионална едукација на сметководителите, како и меѓународниот кодекс на етика.

– Исполнувањето на овие обврски е неопходно уште во фазата на аплицирање за членство во IFAC, затоа што тоа е гаранција дека меѓународните образовни, етички и сметководствени стандарди постојано ќе се применуваат во вашата земјата – потенцираше Мисита.  

Заблагодарувајќи се на укажаната можност и дадените насоки за исполнување на неопходните чекори во процесот за зачленување во IFAC, претседателката на ИСОС Весна Прентоска изјави:

– Членството во IFAC ќе значи унапредување на професијата и препознавање и признавање на сметководителите од нашата држава во светот, што значајно ќе ја зголеми нивната вредност и конкурентност. Истовремено, исполнувањето на потребните услови за зачленување во оваа меѓународна организација со сигурност ќе го поттикне натамошниот развој на сметководствената дејност во нашата земја. Овој процес ќе им помогне на домашните сметководствени друштва, особено на помалите, да го зголемат уште повеќе квалитетот на услугите и својата ефикасност, што секако ќе придонесе и за поголемо вреднување на трудот на професионалните сметководители на пазарот.

Процесот на приклучувањето кон IFAC се состои од повеќе чекори и бара поддршка и соработка од страна на сите засегнати страни, институции и партнери.

Поврзани содржини