Прв глобален бесплатен Филмски фестивал ќе ги обедини Кан, Венеција, Берлин, Торонто ВИДЕО

421

Вкупно 20 фестивали ги здружија силите, а освен трите најголеми европски фестивали, во акцијата се приклучија и Филмските фестивали од Лондон, Ерусалим, Мумбаи и Маракеш, како и „Санденс“ и „Трибека“.

Поради поместувањето и одложувањето на фестивалот, организаторите ги здружија силите со стриминт гигантот за да создадат онлајн настан.






Десеттодневната онлајн бесплатната манифестација ќе вклучува проекции на играни и кратки филмови, документарни филмови, како и концерти, настап на комичари и разговори. Целосниот распоред ќе знае како што ќе се наближува фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен на 29 мај, на YouTube.com/WeAreOne, а во текот на програмата ќе бидат прикажани филмови од 20 светски филмски фестивали. Глобалниот Филмски фестивал Ние сме едно: Глобален филмски фестивал (We Are One: A Global Film Festival), ќе им овозможи на гледачите не само да запознаат различни култури од нова перспектива, туку и со директни донации да им помогнат на локалните заедници низ целиот свет погодени од пандемијата на короанвирусот.

Поврзани содржини