ПРВ ФАКУЛТЕТ СО ГЕРМАНСКА ДИПЛОМА, РЕЧИСИ БЕСПЛАТНИ СТУДИИ Останаа уште неколку места на факултетот Хајделберг

Моделот е јасен - три дена студии, два дена практична работа. Студентите добиваат плата која речиси целосно ги покрива трошоците за студиите, велат од Хајделберг факултетот во Скопје.

100

Студирање според германски стандарди, со можност за речиси нула трошоци за родителите. Ова го нуди Хајделберг факултетот во Скопје, каде интересот за запишување годинава ги надмина очекувањата.
Местата за упис се пополнуваат со голема брзина, а според факултетот, причината е јасна – младите од Македонија и од Косово гледаат можност да учат од германски професори и да се движат во чекор со своите врсници од Германија.

Според вработените во Факултетот, годинава интересот е значително поголем во однос на минатата. Дополнителен мотив за студентите и родителите е фактот дека 100 отсто од студентите од првата генерација веќе се вработени во компании – дуални партнери.






Практична работа и редовна плата уште за време на студиите

„Оваа година управата од Германија дозволи квота од 60 студенти, а најголем дел од местата веќе се пополнети, иако вториот уписен рок допрва започнува – информираат од факултетот

Дел од сегашните студенти веќе работат во Шпаркасе банка, НЛБ, Елемент ПР, фабриките во ТИРЗ-зоните, како и во компании како Сава пензиско друштво, ПроКредит, Силк Роуд, Локпорт финансии (САД), Валтек, Оптимум, Еколог, Триглав осигурување живот, Жикол, Минт Финтек Груп и многу други.

„Интересот од компаниите е навистина голем. Веќе разговараме со над 40 нови партнери. Моделот е јасен – три дена студии, два дена практична работа. Студентите добиваат плата која речиси целосно ги покрива трошоците за студиите“, истакнува проф. д-р Синиша Наумоски, член на Управниот одбор на ХФС.

Две студиски програми со германска диплома

Факултетот објави конкурс за прием на студенти за академската 2025/26 година:
1. Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг (30 места)
2. Податоци и компјутерски науки (30 места)
На следниот линк може да се најдат подетални информации за конкурсот: https://heidelberg.edu.mk/upisi-2025/

Студиите се одвиваат според германски програми, на англиски јазик, а дипломата ја издава Универзитетот Провадис од Франкфурт.

„Нашата цел е квалитет, а не квантитет. Затоа квотата е мала и внимателно се избираат студентите. Ние вложуваме во секој поединец. Студентите кај нас не се бројки“, вели проф. д-р Улрих Цајтел, претседател на Управниот одбор од Германија.

Студии речиси без трошоци

Родителите често прашуваат за цената на студиите. Од Факултетот објаснуваат дека месечната рата е пониска од минималната плата во Македонија (околу 330 евра) и дека студентите ја покриваат преку сопствени приходи од работа кај дуалните партнери.

„Така, студирањето практично може да биде без трошоци за родителите. Ова е тајната на германскиот систем што за прв пат го донесовме во Македонија“, додава м-р Даниела Стефаноска од Факултетот.

Со речиси пополнети квоти, сигурна пракса и вработување уште за време на студиите, како и со диплома призната во Германија, Хајделберг Факултетот во Скопје станува еден од најпосакуваните избори за младите од Македонија и од регионот.

Поврзани содржини