ПРСТЕНИТЕ НА САТУРН СЕ ПАРЧИЊА ОД МЕСЕЧИНА? Сега знаеме зошто Нептун се плеткал во работите на другите планети

Пред околу 150 милиони години, сугерираат авторите, Хрисалис опасно се приближила до Сатурн и била уништена. Повеќето од нејзините остатоци врнеле долу на планетата, додека некои фрагменти се распаднале во орбитата, претворајќи се во прстени. Таа била причината зошто Нептун и Сатурн биле привлечени еден од друг, а по распрскувањето тие се раздвоиле.

280

Месечина која паднала во Сатурн распрскувајќи се на милиони парчиња можеби е начинот на кој настанал познатиот прстен од камења кој кружи околу оваа планета, вели ново истражување. Научниците ја крстиле оваа месечина Хрисалис, на грчки „златна“. А во сето тоа помогнал и Нептун со неговото привлекување, односно гравитација. Сатурн под дејство на Нептун се навалил за 26,7 степени, пишува ИФЛ Наука.

Дури, можеме да кажеме дека, попрво е обратното. Малата месечина Хрисалис, велиме мала во однос на Сатурн, инаку сосем голема во споредба со нашата Месечина, била таа која поминувајќи ги врзала орбитите на двете планети. Потоа се случила несреќата и распрскувањето. По распрскувањето Сатурн и Нептун веќе не се привлекуваат.






Научниците знаат дека се на правилниот пат со оваа теорија бидејќи таа објаснува како прстените се формирале толку доцна, кога Сатурн веќе бил оформена планета со свои месечини.


FOTO MIA

– Наклонот е преголем за да биде резултат на познати процеси на формирање во протопланетарен диск или од подоцнежни големи судири – вели водечкиот автор на студијата, Џек Виздом, професор по планетарни науки на МИТ.

– Понудени се различни објаснувања, но ниту едно не е целосно убедливо. Убавото е што претходно необјаснетата млада возраст на прстените е природно објаснета во нашето сценарио – додава Виздом.

Сценариото покажува дека месечината Хрисалис имала маса приближно на онаа на Јапетус – третата по големина месечина на Сатурн. Пред околу 150 милиони години, сугерираат авторите, Хрисалис опасно се приближила до Сатурн и била уништена. Повеќето од нејзините остатоци врнеле долу на планетата, додека некои фрагменти се распаднале во орбитата, претворајќи се во прстени.

„Исто како хризалис на пеперутка, овој сателит долго време спиеше и одеднаш стана активен, а прстените се појавија“, објасни Виздом во изјавата .

Клучни за оваа работа се мерењата на системот на Сатурн од страна на леталото Касини. Ова е заеднички напор помеѓу НАСА, Европската вселенска агенција и Италијанската вселенска агенција. Сателитот Касини на денешен ден пред пет години за последен пат нурна во Сатурн, откако помина 13 години околу планетата и нејзините месечини.

Касини го мереше инерцијалното движење на Сатурн, што покажа дека планетата некогаш била во резонанца со Нептун, но дека веќе не е. Исто така, леталото откри дека месечината Титан се оддалечува од Сатурн, но многу побрзо од очекуваното – за 11 сантиметри годишно. Овој аномален резултат би можел да се објасни само доколку Титан некогаш бил во резонанца со друга месечина, месечина која повеќе ја нема.

Оваа месечина изгледа е Хрисалис, но научниците ќе треба да соберат повеќе податоци за да ја докажат, или евентуално, да ја побијат тезата.

Поврзани содржини