🎥 ПРОВОКАТИВНА ФОТО-СЕСИЈА НА СИДНИ СВИНИ Актерката го изрекламира својот бренд за долна облека на најдобар можен начин
Сидни Свини го претстави својот бренд за женска долна облека „Сајрен“ (Syrn), со провокативна фото-сесија која ја објави на Инстаграм.
Холивудската актерка Сидни Свини влезе во светот на модата и претприемништвото. Таа го претстави својот бренд за долна облека „Сајрен“ (Syrn), кој, како што објаснува, произлегол од фактот што голем дел од женската долна облека изгледа атрактивно, но не нуди вистинска удобност.
Според неа, целта била да се создаде долна облека што функционира во реалниот живот, без притисок и наметнати стандарди.
– Сакав да изградам бренд за долна облека кој ќе изгледа како да ги разбира жените, наместо да им се обраќа. Syrn е бренд за самодоверба без притисок, чувство на секси, моќно, нежно, разиграно или сè од горенаведеното, во зависност од денот. Како единствен основач, мојата визија беше да создадам нешто што живее во реалниот живот и не ограничува никого – вели актерката во ексклузивно интервју за „Ел“.
View this post on Instagram
Една од клучните карактеристики на брендот на Свини е широкиот распон на големини. Производите ќе бидат достапни во 44 различни големини – од 30Б до 42ДДД, што ретко се среќава во стандардната понуда на долна облека.
Свини нагласува дека лично била вклучена во сите фази на развојот – од дизајнот на моделите до креативниот концепт.