Провокација на Каракачанов: На Заев акалот му иде другиот ден ВИДЕО
По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев - рече Каракачанов.
Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов упати навреди за македонскиот премиер Зоран Заев по интервјуто на премиерот. Каракачанов изјави дека на Заев „акалот му иде другиот ден“
– По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев – рече Каракачанов.
Тој го нарече Бугарин македонскиот премиер Зоран Заев, оценувајќи дека му доаѓа паметот. Оваа оценка ја даде по скандалозното интервју на Заев во кое тој ја распарчува македонската историја за да им се додворува на политичари како Каракачанов.
Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја, па дури и со доза на потсмев говори на тема Македонија.