ПРОВЕРЕТЕ СИ ГО ЗДРАВЈЕТО СО ЛИСТ ХАРТИЈА Тресењето на рацете е речиси секогаш знак за аларм

Треперењето е речиси секогаш знак за аларм и најочигледен симптом на болест, како што е Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, Хантингтонова болест, а исто така може да се поврзе и со пречки во метаболизмот, како што е хипертироидизам

1,003

Направете тест на треперење и откријте колку сте здрави – сè што ви треба е парче хартија.

Ако забележите какви било симптоми кои ви се нејасни или за кои нема објаснување, добро е да се консултирате со лекар.






Тресењето може да биде одличен показател за здравјето затоа што укажува на многу нешта – од консумирање премногу кофеин до тоа дека можеби страдате од анксиозност.

Покрај тоа, тој е добар показател за хипертироидизам, или забрзана функција на тироидната жлезда, доколку е поврзан и со симптоми како што се промени во расположението, исцрпеност и губење на тежината.

Како се изведува?

Раширете ги дланките пред вас и свртете ги надолу, па ставете им одозгора лист хартија. Треперењето може да биде толку мало што е тешко да го забележите само на вашите раце, но ако тироидната жлезда не работи добро, ќе забележите како хартијата се мрда. Треперењето е скоро секогаш знак на аларм и најочигледен симптом на болест, како што е Паркинсонова болест, мултиплекс склероза, Хантингтонова болест, а исто така може да се поврзе и со пречки во метаболизмот, како што е хипертироидизам (тресењето е забрзано).

Трепетот, исто така, може да биде резултат на стрес, страв и напнатост, но исто така и на консумирање премногу кафе и пијалаци со кофеин, и може да биде предизвикан од некои лекови, како што се кортикостероиди.

Фото: Unsplash

Поврзани содржини