ПРОВЕРЕТЕ СИ ГИ РАДИЈАТОРИТЕ Се ближи грејната сезона

Грејната сезона може да почне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

590

Потрошувачите во текот на септември треба да ги завршат сите неопходни проверки и поправки на внатрешната грејна инсталација за да може да се испорача топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење, апелираат од БЕГ.

Заедниците на сопственици и Управителите на објектите треба да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).






Согласно законските прописи, грејната сезона може да почне од први октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За сите неопходни информации, потрошувачите може да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ Снабдување на телефонските броеви 023076200 и 075400100.

 

Поврзани содржини