ПРОВЕРЕТЕ ЈА ФИСКАЛНАТА СМЕТКА Од денеска не се плаќа ДДВ за леб, млеко, шеќер и брашно
Министерот за економија апелира граѓаните да ги побараат фискалните сметки кога купуваат.
Министерот за економија Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил потсетува дека од денеска данокот на додадена вредност за основните прехранбени производи, во сите маркети, е нул апроценти.
„ ДДВ е нула отсто за лебот, брашното тип – 400, млекото (со масленост 2, 3,2 и 3,5 проценти), белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и другите кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата. Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите“ пишува Бектеши.