ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ПРЕВОЗНИКОТ ИМА ЛИЦЕНЦА! Од денеска работи платформата е-транспорт

Проверката се однесува  само за превозниците кои вршат превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Пребарувањето и контролата може да се изврши преку впишување на името на компанијата или по бројот на регистарски таблички.

1,198
Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи. Ова е овзоможено со новиот јавен сервис  http://etransport.mtc.gov.mk, кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски, Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот на Државниот транспортен инспекторат, Гајур Рушити.

Проверката се однесува  само за превозниците кои вршат превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Пребарувањето и контролата може да се изврши преку впишување на името на компанијата или по бројот на регистарски таблички.

-Граѓаните заедно со државните институции ќе можат да бидат рамноправен контролор на терен.  Ова го правиме за да го подобриме системот на контрола и да овозможиме подобар, побрз и поефикасен транспорт- изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој е дел од  договорт за соработка со другите институции кои имаат обврска да го контролираат патничкиот и товарниот транспорт.

Бочварски нагласи дека доколку при пребарувањето се утврди дека компанијата не постои или не е лиценцирана или друга неправилност, секој еден ќе може да пријави на наведените адреси и телефонски броеви кои што се вметнати во прозорчето во самата апликација.

 

 

Поврзани содржини