ПРОВАЛИЛ ВО СТАН МИСЛЕЈЌИ ДЕКА Е ПРАЗЕН, АМА ГАЗДАТА БИЛ ДОМА Се степале, па крадецот избегал
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Крадец вчера провалил во стан во Скопје, мислејќи дека е празен, но сопственикот бил дома. Двајцата се степале, по што провалникот избегал.
„На 12.12.2024 во 17.35 часот во СВР Скопје, Н.А. од Скопје пријавил дека едно лице со употреба на погоден алат влегло во неговиот стан и откако го забележал настанала физичка пресметка помеѓу нив, по што лицето го напуштило местото“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.