ПРОТИВПРАВНО ГИ КРИЕЛА СЛУЖБЕНИТЕ ПЕЧАТИ Кривична пријава за ексдиректорката на средното училиште во Демир Хисар
Пријавената во периодот од 6.8.2025 до 13.8.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ Крсте П. Мисирков од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), соопшти полицијата.
Одделението за внатрешни работи од Демир Хисар денеска до Јавното обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ј. (57) од Демир Хисар, за сторено кривично дело Одземање или уништување службен печат или спис, по член 390 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
„Пријавената во периодот од 6.8.2025 година до 13.8.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на СОУ Крсте П. Мисирков од Демир Хисар. Со тоа направила службените печати да бидат неупотребливи и со нив да не може да раководи новоименуваната директорка Ј.Д. (43), назначена за в.д. директор на средното училиште „Крсте П. Мисирков“ со одлука од Општина Демир Хисар од 5.8.2025 година“, соопшти полицијата.