ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА КОЧАНЧАНИ Видеолотарија донираше за Доброволното противпожарно друштво

Оваа донација ќе биде искористена за набавка на едно теренско возило - пикап, кое ќе биде надоградено и опремено за гасење пожари.

21

Видеолотарија Касинос Австрија додели донација на Здружението Доброволно противпожарно друштво Кочани. Паричните средства од оваа донација ќе бидат искористени за набавка на едно теренско пикап возило, кое ќе биде надоградено и опремено за гасење пожари.

Претседателот на Здружението Златко Илијев изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија  за несебичната поддршка и брзиот одговор на нивното барање.






– Со оваа донација ние ќе успееме да извршиме набавка која е од  витално значење за функционирање на нашето друштво – рече Илијев.

Видеолотарија Касинос Австрија и во иднина ќе продолжи да ги негува заложбите за модерна и општествено одговорно компанија, придонесувајќи за нашето општество.

Поврзани содржини