Против пописот собрани над 25.000 потписи за неколку часа ФОТО
Мицкоски додаде дека ова е доказ дека Македонија не сака фалсификат попис и дека е јасна пораката и за пописот, и за Владата, и за Заев.
Собрани се 25 илјади потписи за неколку часа, во над 300 локации. ВМРО-ДПМНЕ и народот собра 25 илјади потписи за неколку часа, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека ова е доказ дека Македонија не сака фалсификат попис и дека е јасна пораката и за пописот, и за Владата, и за Заев.
Илјадници скопјани се потпишаа против фалсификат попис на Заев, масовно од сите скопски општини граѓани излегоа и кажаа не за попис по терк на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
–
Пописот е статистичка операција, и како таков тој треба да биде по методологија и процес кој ќе прикаже реални резултати, а не насилен и на база на коалициски договор. По денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот, Заев треба веднаш да се повлече од идејата за попис во април – велат од партијата.
Граѓаните на Велес, Кавадарци, Неготино и Повардарието денеска излегоа во масовен број против пописот.
–
Граѓаните кажаа не за насилието на Заев, кој пописот како статистичка операција сака да направи политичка операција заради пазарот за коалиција – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Масовна излезност на граѓаните против пописот има и во Штип, Крива Паланка, Кратово, Петровец и околните општини, информира партијата. Од таму додаваат дека Македонија има потреба од попис кој ќе ја содржи реалната слика, од кој институциите ќе црпат податоци и ќе може да се креираат програми на среден и долг рок.
Против попис во април илегоа и илјадници граѓани од Битола, Охрид, Ресен и другите општини од југозападна Македонија.
– Електронскиот попис е единствено логичко решение, и истиот ќе даде реални бројки и податоци, се друго е политички пазар – велат од ВМРО-ДПМНЕ.